Тревога во Русија! Авион на НАТО тргна кон границата, Русите кренаа авијација!

Борбениот-пресретнувач со долг дострел МиГ-31 беше кренат во воздух поради приближувањето на норвешкиот воен авион до границите на Русија кај Баренцовото Море, објави националниот одбранбен контролен центар на Русија (структура на Министерството за одбрана на Русија).
– Екипажот на рускиот борбен авион ја идентификуваше воздушната цел како базен патролен авион Р-8А „Посејдон“ на норвешкото воздухопловство – се наведува во соопштението.

Тревога во Русија! Авион на НАТО тргна кон границата, Русите кренаа авијација!

Центарот наведува дека норвешкиот авион по приближувањето на рускиот ловец се свртел од државната граница на Руската Федерација и дека не било дозволено прекршување на границата.

Министерството додаде дека летот на рускиот ловец бил извршен во строга согласност со меѓународните правила над неутралните води, без преминување на воздушни рути и опасни приоди.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.