Реал се подготвува за летниот преоден рок

Челниците на Реал Мадрид полека се подготвуваат за летниот преоден рок, а раководството на клубот веќе го има подготвено списокот на засилувања.

Според шпанските медиуми, раководството на чело со претседателот Флорентино Перез ќе се обиде на „Сантијаго Бернабе“ да ги донесе Кун Агуеро (Манчестер Сити), Иско (Малага), Герет Бејл (Тотенхем) и Даниел Карвахал (Баер Леверкузен). Нивните пресметки покажале дека за трансферите на овие четворица фудбалери ќе бидат потребни околу 120 милиони евра. Во исто време јасно е дека одредени фудбалери ќе си заминат од клубот. Адан, Кака, Рикардо Карваљо, Раул Албиол, Есиен, односно Игуаин или Бензема. Инаку, во Реал ќе се обидат да го продолжат договорот со Кристијано Роналдо, додека иднината на Жозе Мурињо ќе биде позната за најмногу две недели.
Makфакс
Челниците на Реал Мадрид полека се подготвуваат за летниот преоден рок, а раководството на клу

Пронајдете не на следниве мрежи: