Се сеќавате на нарко сестрите? Приказната доби пресврт: Дрогата ја продавала мајка им, тие немале поим

Со ДНК анализата е утврдено дека нема биолошки трагови кои припаѓаат на ќерките на пакетите со дрога, а нивната мајка признала дека дрогата е нејзина, дека е дилерка и дека ќерките не знаеле ништо за тоа.

На почетокот на февруари оваа година, припадниците на српската криминалистичка полиција и тамошното МВР во соработка со Државното обвинителство од Белград извеле филмска акција во главниот град на Србија, по што уследило апсење на две словенечки државјанки кои во багажникот од автомобилот шверцувале 30 килограми марихуана, пишува „Slovenske Novice“.

Се сеќавате на нарко сестрите? Приказната доби пресврт: Дрогата ја продавала мајка им, тие немале поим

Станува збор за две сестри, 29-годишната Валбина и 25-годишната Блеона Хазири од Камник. Само еден и пол месец подоцна, во новата акција на српската полиција, е уапсена и нивната мајка Михана Хазири од Камник. Таа на 27-ми март им се приклучила на своите ќерки во притвор, бидејќи наводно се занимавале со голема трговија на дрога. Според неофицијални, но доверливи информации, самата признала дека тргувала со дрога.
Со потпишување на договорот за признавање на вина со Вишото обвинителство во Белград на 2. јуни, осудена е на четири години и два месеци затвор.

Ќерките прво биле во притвор, а потоа во домашен притвор и тврделе дека немале поим за дрогата. Обвинителството на 26. јуни ја сопрело истрагата со оглед дека немало докази за некои други казнени дела, па девојките биле пуштени на слобода.
Со ДНК анализата е утврдено дека нема биолошки трагови кои припаѓаат на ќерките на пакетите со дрога, а нивната мајка признала дека дрогата е нејзина, дека е дилерка и дека ќерките не знаеле ништо за тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.