Најмалку 34 лица загинаа, а 12 се повредени во судир на автобус и автомобил во Алжир, соопшти алжирската противпожарна служба.
Несреќата се случила во средата околу 4 часот по локално време во градот Таманрасет, кој се наоѓа на околу 1.500 километри јужно од главниот град на Алжир.

- По судирот избувнал пожар при што изгореле 34 лица – се наведува во соопштението.
Сообраќајните несреќи со фатални последици се чести во Алжир.
Минатата година, според официјалните информации, во сообраќајни несреќи загинале 907 лица.
Пронајдете не на следниве мрежи:


