СИТЕ СО ДЕНОВИ СЕ ПРАШУВААТ КАДЕ Е ЌЕРКАТА НА АНА И РАСТА – конечно откриено кој е со девојчето откако пејачката по скандалот со недели ја нема видено 

Уште кога во медиумите осамна веста за состојбата на пејачката Ана Николиќ, освен за тоа како е таа, јавноста е заинтригирана и што се случува со нејзината ќерка, Тара.

Како што може да се заклучи врз основа на објавите на социјалните мрежи, Тара останува со Раста, каде што и престојувала веќе десетина дена откако Ана се нашла во центарот на скандал и мета на озборувања дека наводно има психички проблеми.

Според објавите на раперот со кој пејачката била во брак и добила дете, Тара останува со Раста и тоа засега нема да се промени. Имено, Стефан на ТикТок објавил видео на кое се гледа дека ја однел ќерка си на стоматолог, што само покажува колку се грижи за неа. Секако, не велиме дека Ана е лоша мајка, но сега сигурно ѝ е потребен простор да се „собере“ и закрепне, бидејќи така е најдобро за сите.
Да потсетиме, Ана била мета на медиумите кога Саша Мирковиќ објавил видео на кое јасно се гледа дека пејачката е во лоша состојба и има лузни на челото, и во кое му бара пари за козметичар, но тој одбил бидејќи наводно Ана не се согласувала да оди на лекување од алкохол, нешто што тој лично сметал дека ѝ е потребно.

СИТЕ СО ДЕНОВИ СЕ ПРАШУВААТ КАДЕ Е ЌЕРКАТА НА АНА И РАСТА – конечно откриено кој е со девојчето откако пејачката по скандалот со недели ја нема видено

Ана неколку денови јавно се расправала со Саша, а потоа се огласила и ја спуштила топката, но истакнала дека повеќе не соработуваат бидејќи нивните карактери едноставно не се поклопувале.
Во секој случај, сите се надеваат дека Ана ќе закрепне и полека ќе „застане на нозе“, а за тој период нејзината ќерка ќе остане со Раста, кој максимално ѝ се посветил. Инаку, и самата Николиќ истакнала дека Стефан е исклучителен татко кој Тара го обожава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.