МЛАТЕЊЕ ВО ПРОГРАМА ВО ЖИВО! Политичар нападна новинар, телохранители влетаа и го изгазија среде емисија (ВИДЕО)

Во емисија на либанската телевизија МТВ дошло до жестока тепачка меѓу поранешен владин министер и новинар.

Водителот на ток-шоуто „Време беше“ Марсел Ганем беше домаќин на поранешниот министер Виам Вахаб, познат по неговите блиски врски со Хезболах, и новинарот Симон Абу Фадел, чии ставови често се согласуваат со ривалската партија на либанските сили.

На тепачката во програмата во живо и претходеше дискусија за американските санкции наметнати на Вахаб и моментот кога Фадел рече дека „САД ги дисциплинира Либанците“.

Вахаб потоа го нападнал новинарот, а неговите телохранители од публиката веднаш влетале внатре. Фадел падна на подот додека неколкумина непрекинато го удираа со тупаници додека не беше прекинат преносот.

Припадниците на либанските вооружени сили пристигнаа во просториите на телевизијата за да ја преземат контролата над ситуацијата. Емитувањето подоцна продолжи, при што Вахаб им се извини на гледачите пред да го замоли Ганем да замине.

  • Она што ми се случи пред малку не е ништо друго туку дел од она што им се случи на некои чесни луѓе кои ја платија цената за своите ставови – изјави Фадел пред камерата откако се појави со модринки на лицето и устата.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.