ДЕНЕСКА СОНЧЕВО И ТОПЛО – особено подгответе се за тоа што следува во текот на денот, еве што не очекува од утре

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. UV индексот ќе биде 8.
Во Скопје умерено облачно со засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 32 степена.

Од утре следува период на стабилно време со јужен ветер и со пораст на температурата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.