Со хеликоптер пренесен бугарскиот навивач кој беше прободен со нож за време на натпреварот Левски – Шкупи

Повредениот навивач од Бугарија пренесен со хеликоптер од Скопје во Софија откако седум дена се лекуваше на Одделот за интензивна нега на хирургија во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје по хирушки зафат откако се здоби со повреда од нож во физичка пресметка со навивачи на Шкупи.

Надлежниот јавен обвинител денеска изврши распит на оштетениот пред неговото отпуштање од болница и ја обезбеди целокупната медицинска документација.
Постапката против четири лица за кривично дело – Насилство продолжува.

Се трага и по лицето за кое постои сомнение дека е директно одговорно за нанесување на тешката телесна повреда на бугарскиот државјанин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.