ПРОБЛЕМИ ЗА ПАЛАТАТА: Кривична против градоначалникот на Кочани, поставил директор на училиште кој немал положено испит

На 07.08.2023 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани до Основно јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичниот законик.

ПРОБЛЕМИ ЗА ПАЛАТАТА: Кривична против градоначалникот на Кочани, поставил директор на училиште кој немал положено испит

Тој во својство на службено лице – градоначалник на Општина Кочани, со искористување на својата службена положба, ги пречекорил границите на своето службено овластување, така што на 06.12.2021 година за првпат го именувал С.З. за вршител на должноста директор на СОУ „Гошо Викентиев“ Кочани и продолжил да го именува по трети и четврти пат, иако бил должен да знае дека лицето кое го именувал не го положил испитот за директор во законски утврдениот рок од една година и не ги исполнува условите за вршење на должноста.

Со наведеното дејствие, пријавениот постапил спротивно на член 93-в од Законот за средно образование и му овозможил на лицето да се стекне со противправна имотна корист во вкупен паричен износ од околу 63.552 денари.

Пред неколку дена Државната комисија за спречување корупцијата соопшти дека ќе достави иницијатива до Основното јавно обвинителство Струга за кривично гонење на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко за злоупотреба на службената положба и овластување.

Како што посочија членовите на ДКСК, Мерко на незаконски начин на два пати назначил вршител на должност, в.д директорка на основно училиште во Струга која немала завршено високо образование, ниту го имала потребното работно искуство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.