РЕКОРД: Запленети 92 милиони долари кај турски државјанин

Стефан Богоев, директорот на Царинската управа, денес објави дека цариниците заплениле обврзници од 92 милиони долари кај турски државјанин кој слетал на скопскиот аеродром.

РЕКОРД: Запленети 92 милиони долари кај турски државјанин

Царинските службеници на 29 јули на влез во државата заплениле 184 обврзници со вредност од по 500.000 долари кај турскиот државјанин кој е уапсен.

„Обврзниците се пронајдени кај турски државјанин од Истанбул кој се определил да мине на зелен канал, но при тоа се пронајдени четири папки во црна рачна торба кај него. Извршени се службени разговори, се прибираат дополнителни докази и се прават консултации со ИНТЕРПОЛ

Царина поднесе соодветна пријава до надлежниот суд, а денес донесена е пресуда да се одземат обврзниците и да се изрече глоба за недозволено девизно работење“, рече Богоев.

Обврзниците ќе бидат предадени на Агенцијата за конфискуван имот, а ќе има и финансиска истрага за спречување на перење пари и евентуална измама

„Обврзниците во денешно време се злоупотребуваат како инструмент за перење пари“, додаде Богоев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.