27-годишно момче од виничко е починатото лице, чие тело беше пронајдено кај виничко Истибања во каналот за наводнување од река Брегалница.
Безживотното тело на 27-годишниот Ј.Ѓ. беше пронајдено вчера, во 18.13 часот, каj местото викано „Шилковица“, во канал за наводнување од река Брегалница.
За лицето претходната вечер било пријавено дека се оддалечил од домот и бил баран од полициските службеници. Телото било извлечено од страна на ТППЕ Виница, а лекар од Итната медицинска помош Виница констатирал смрт без траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатитот ќе биде предадено за обдукција.
Пронајдете не на следниве мрежи:



