Кеј Алвес важи за најубавата одбојкарка на светот, а сите останале во неверување моментот кога направила профил на страницата за возрасни, „OnlyFans“, каде заработува огромна сума на пари.
Кеј е 23-годишна бразилска одбојкарка која игра како либеро за „Osasco Voleibol Clube“. Од почетокот на кариерата важела за голем талент и надеж на бразилската одбојка.
Покрај тоа, таа се истакнува со својата убавина а неодамна, иако неофицијално, била прогласена за најубавата одбојкарка на светот. Таа има повеќе од 12 милиони следбеници на „Инстаграм“.
Алвес, како што изјавила, размислувала што со кариерата откако ќе престане да се занимава со одбојка, па во моментов спортот го комбинирала со работа во друга дејност. Оваа девојка, во интервју со новинарката на бразилскиот „О Глобо“, отворено проговорила за тоа како навистина заработува огромна сума на пари.