ПОЛИЦИЈАТА НЕ ЗНАЕШЕ ШТО ЈА ЧЕКА ВО КАНТАТА ЗА ЃУБРЕ – 27 годишното момче „спасило жива глава“ па избегало од домот кога траела рацијата

На 22.08.2023 околу 22.30 часот на „Црногорска“, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога во заедничка акција со Единицата за интервентна полиција и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје пронајдоа поголема количина оружје и муниција.

Имено, во канта за отпад пред дворно место на улицата биле пронајдени автоматска пушка „Калашников“ кинеско производство со една рамка со куршуми, автоматска пушка „Плетер 91“ калибар 9 мм од хрватско производство и една торба со 100 куршуми калибар 7,62 мм и 27 други куршуми од различен калибар.

Оружјето и муницијата биле подигнати за понатамошна постапка, а со судска наредба бил извршен претрес во домот на Б.Л.(27) од Скопје, кој не бил во домот.
При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело. По целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.