Винаријата „ПАРАГОН Урбан Вајнери“ на 27 и 28 август 2023 година ќе даде поддршка за 10 годишнината на Joyfest кој ќе се одржи во Крива Паланка на градскиот стадион. Главни гости на настанот се балканските ѕвезди Владо Георгиев, кој ќе настапи на 27.08 (недела) и Здравко Чолиќ кој ќе настапува на 28.08 (понеделник).

Публиката ќе има можност да проба три вина од ПАРАГОН Урбан Вајнери од кои две од линијата „By the river“ и едно од линијата „Black sheep“. Од линијата „By the river“ публиката ќе ужива во вкусовите на Темјаника и Розе од Каберне Совињон, а од линијата „Black sheep“ ќе има можност да го вкуси црвеното куве направено од сортите Каберне Совињон, Мерло и Вранец. Музиката и виното се совршена комбинација за уживање и градење на спомени.
Пронајдете не на следниве мрежи:


