Две лица се повредени: Тешка сообраќајна несреќа на стариот пат Куманово-Скопје

Две лица се повредени при сообраќајна несреќа која се случи денеска на стариот пат Куманово-Скопје, во село Никуштак, во близина на депонија.

Од МВР информираат дека според првичните информациите во сообрајќајката учествувале опел астра со кумановски регистерски ознаки и шкода суперб со кумановски регистерски ознаки.
Сообраќајката била пријавена околу 14 часот, а возачите се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.