Денес се жени Дарко Лазиќ – тргна по “трета среќа“: Младоженецот утрово наздравува, но не со алкохол

Фолк пејачот Дарко Лазиќ неодамна склучи граѓански брак со својата нова избраничка Катарина, а денеска во родниот Брестач ќе се заколне на верност и вечна љубов пред Бога, во локалната црква, по што ќе следи голема свадбена веселба.

Како што пишуваа медиумите претходните денови, Дарко, бидејќи ова му е „трета среќа“, решил да приреди голема свадбена веселба на која ќе биде домаќин на своето многубројно семејство и колегите од сцената, кои ќе бидат вкупно повеќе од 500! Хрватскиот поп пејач Петар Грашо ќе ја отпее песната за првиот танц на младенците по желба на невестата, а Борко Радивојевиќ и момците од популарниот „Лексингтон бенд“ ќе ја забавуваат свадбената веселба.
Младоженецот утрово е веќе на нозе – бидејќи го чекаат низа традиционални обичаи, кои и самиот посака да ги почитува овој пат, стана на време, за да биде подготвен за најважниот ден. Судејќи по објавите на Инстаграм, веќе почнал да наздравува! Не со алкохолен пијалок, туку со првото утринско кафе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.