Хорор во Црна Гора! За три дена пронајдени три трупови, до еден документи на жена која исчезнала во 2014 година!

Три скелети се пронајдени во Подгорица, Никшиќ и Сутоморе во изминатите три дена, соопшти Полициската управа на Црна Гора.
Човечки останки и лични документи на име на Божидарка Марјановиќ, која исчезна во декември 2014 година, беа пронајдени над заливот Штрбина кај Сутоморе.

Хорор во Црна Гора! За три дена пронајдени три трупови, до еден документи на жена која исчезнала во 2014 година!

Тело на машко лице во распаѓање е пронајдено кај Железнички мост во Никшиќ, а полицијата утврдува дали се работи за убиство или самоубиство.

Тело во поодмината фаза на распаѓање е пронајдено во напуштена куќа во населбата Коник во Подгорица, а идентификацијата е во тек.

Пронајдете не на следниве мрежи: