Паразит што јадел трева бил главниот виновник за ужасниот терен на Градски!?

Македонската фудбалска репрезентација пред две недели одигра одличен меч и ремизираше против големата Италија (1-1) на домашен терен во меч од квалификациите за ЕП 2024, но во европската јавност наместо за успехот на жолто-црвените повеќе се пишуваше за условите на стадионот „Тодор Проески“, пред се за ужасниот терен.

Паразит што јадел трева бил главниот виновник за ужасниот терен на Градски!?

По мечот сите од таборот на Италија го потенцираа овој проблем, истото го кажаа и дел од македонските репрезентативци, а Елиф Елмас јавно му се извини на противникот за лошата тревна површина. Од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДИССДП), под чии ингеренции е арената во Скопје, за „360 степени“ велат дека главен виновник за сето ова е – паразит што јадел трева.

„Проблем од овој тип не беа регистрирани во претходниот период, односно пред натпреварот со Украина. Теренот на стадионот беше позитивно оценет од страна на УЕФА. По извесен период, кон крајот на јуни, констатирано е дека тревата е заболена од болеста ‘Питиум’ (растителен паразит)“. Од страна на нашите стручни служби веднаш беше пристапено кон третирање на болеста и ново просејување со семиња и прихрана. Квалитетот на теренот беше доведен до задоволително ниво, поради што УЕФА даде зелено светло за одржување на натпреварот со Италија“, изјавија меѓу другото од АДИССДП.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.