Вооружени и маскирани упаднаа во Бањскиот манастир: Одекнаа истрели, народ и свештенство затворени во храмот

Рашко-призренската епархија излезе со соопштение во кое наведува дека најостро го осудува последниот напад што се случи утринава на северот на Косово, кај селото Бањска, во кој загина еден косовски полицаец, а уште двајца беа повредени.

Вооружени и маскирани упаднаа во Бањскиот манастир: Одекнаа истрели, народ и свештенство затворени во храмот

Станува збор за сериозен инцидент кој може да има големи последици и затоа е многу важно да се направи се за да се зачува редот, мирот и редот, нагласуваат од Рашко-призренската епархија.

„Епархијата изразува искрено сочувство до членовите на семејството на починатиот полицаец и искрено се надева дека двајцата ранети ќе закрепнат што е можно поскоро. Епархијата е многу загрижена бидејќи според последните информации група вооружени, маскирани лица влегле во манастир во оклопно возило, при што упаднале во манастирската заклучена капија.

Моментално во манастирот има група на верници од Нови Сад, со свештеник, игуменот Данило и браќата од манастирот. Заради безбедност, браќата од манастирот и верниците се затворија во конакот, а заклучен е и храмот на манастирот. Вооружени маскирани лица се движат низ дворот и повремено се слушаат истрели“, се вели во соопштението.

Епархијата најостро го осудува отвореното насилство што се применува во верскиот објект на СПЦ, повикувајќи ги сите страни што поскоро да го прекинат конфликтот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.