Брнабиќ: Курти е единствениот виновен за конфликтот во Косово, ова е неговиот животен сон

Српската премиерка Ана Брнабиќ го коментираше конфликтот на северот на Косово во кој беа убиени косовски полицаец и тројца српски напаѓачи за време на гостувањето на српска телевизија.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека вчерашниот ден бил еден од најтешките денови за неговата земја и нејзиниот народ од 2004 и 2008 година.
Брнабиќ изјави дека Вучиќ во својот говор во ОН предупредил дека е можно и извесно да има конфликт на Косово, како што се случи во Бањска. Брнабиќ оцени дека единствениот виновник за конфликтот е косовскиот премиер Албин Курти и дека тоа е неговиот животен сон.

„Како држава ќе се обидеме да го најдеме најдоброто решение за Србите на Косово. Состојбата во која не доведе Албин Курти и молкот на меѓународната заедница е катастрофална. Дали Курти има „карт бланш“ да убива луѓе во Косово како што сака?“ праша Брнабиќ, пренесува Н1 Србија.
Премиерката на Србија додаде дека не знае дали во овој момент е мудро и во државен интерес да се коментираат настаните на северот на Косово.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.