Нека умре нема причина да му помогнеме: Шокантна аудио-снимка од разговор на косовски специјалци кои не му пружаат помош на ранет Србин

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на прес конференција по повод драматичната ситуација на северот на Косово објави транскрипт од аудио снимка од кои може да се заклучи дека косовски полицајци не му помогнале на ранет Србин, и го оставиле да умре.

Нека умре нема причина да му помогнеме: Шокантна аудио-снимка од разговор на косовски специјалци кои не му пружаат помош на ранет Србин

Според Вучиќ, станува збор за разговорот меѓу специјалната единица на косовската полиција и неговиот наредник за време на пресметката со вооружената група Срби во Бањска, каде што очигледно е дека посакуваат смрт на Србинот и дека „нема штета“ ако ранетиот Србин се остави да умре.

„Адем, Адем, не се секирај“, се слуша машки глас на албански.

„А ако умре, ништо“, вели гласот на снимката.

Вучиќ ги обвини косовските специјалци за монструозно однесување.

– Следевме што прави албанската полиција. За еден човек прашање е дали преживеал затоа што не сакале да му помогнат. Имаме звучна снимка на која албанските полицајци се смеат и велат: „Немаме причина да му помогнеме , нека умре“ – рече Вучиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.