Жестока била реакцијата на Христијан Мицкоски како што дознава Инфомакс на интервјуто кое го даде Никола Груевски во Тешки Муабети овој понеделник.
Според информациите на Инфомакс, Мицкоски жестоко го нападнал својот ПР тим посочувајќи дека во неговите лајв видеa нема ни приближно толку гледаност колку што имаше во лајвот на Груевски истакнувајќи дека не му е јасно како со цела партиска машинерија не успева да се привлече вниманието на гледачите.
Да се потсетиме дека повеќе од 16 илјади луѓе на неколку платформи го гледаа вклучувањето во живо на екс-премиерот Никола Груевски рушејќи ги сите рекорди на најгледано лајв видео во историјата на македонскиот интернет.
Денешната посета на Мицкоски на општина Илинден ја гледаа само 80-тина луѓе на Фејсбук меѓу кои и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, погледнете:
Христијан Мицкоски на во живо на Јутуб го гледаа само 12-тина луѓе…
Еве и неколку скриншоти од вклучувањето на Груевски:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.