Србија праќа тенкови на границата со Косово, Вашингтон со бурна реакција, Вучиќ се правда

Официјален Вашингтон е загрижен за српските тенкови и артилерија распоредени во последниве денови на границата со Косово.

„Набљудуваме големо српско воено распоредување долж границата со Косово*, кое вклучува невидено поставување напредна српска артилерија, тенкови, механизирани пешадиски единици. Веруваме дека ова е многу дестабилизирачки развој“, изјавил портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, пренесуваат повеќе медиуми.

Претседателот на Србија вчера имал телефонски разговор со американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Во разговорот Вучиќ негирал дека српските сили се на највисока борбена готовност.

Сопственичката на компанија од Унгарија поврзана со експлозијата на пејџерите во Либан, под заштита на тајната служба
Сопственичката на BAC Consulting, која е поврзана со смртоносната пејџер експлозија во Либан, …
Тахири: Оваа Влада во Косово заминува во историјата на 9 февруари
Шефот на пратеничката група на Алијансата за иднината на Косово, Бесник Тахири, …
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.