Порталот Индекс.мк открива скандал поврзан со тетовскиот градоначалник Биљал Касами. Според информациите на порталот, фирми блиски до Касами добиле од Општината Тетово над два милиони евра, а имале само по еден вработен!
Двете фирми кои добиле вкупно осум тендери на општина Тетово, се предводени од жените од семејството Бајрами, во чија сопственост е и фирмата „Мујо Бау“, а истите имаат само еден вработен, информира порталот.
Така, компанијата „Ереу Транс“ основана во 2021 година, со седиште во тетовско Порој, која ја води Џарие Бајрами од Општината има заработено 1.262.550 милиони евра, а има само еден вработен.
Дури и втората фирма „Еко пеу“ од Општината има заработено 916.530 илјади евра и ја води Хабибе Бајрами, фирмата исто така има само еден вработен.
Инаку, index.mk вчера објави дека двете фирми создадени во 2021 година од семејството Бајрами имаат заработено 2.179.080 евра само од Општина Тетово.
Тетовскиот градоналалник, неофицијален коалиционен партнер на Христијан Мицкоски, во изминатите неколку месеци беше мета на низа скандали, поврзани со непочитување на државните симболи, химна, знаме, грб на Република Македонија, како и неговите скандалозни објави на Фејсбук во кои Тетово го претстави како град од соседна Албанија.
Вака ли се грижи Касами за Албанците во Македонија?!
Извор: Indeks.mk
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.