ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА УШТЕ 3 НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ, ВО ОКТОМВРИ ДУРИ 2 – испланирајте си го споениот викенд, ни доаѓа наскоро!

Денес започна месец октомври, а во него и два неработни денови.
Едниот ни доаѓа на 11 октомври, додека другиот е споен викенд кога ќе одмараме три дена и тоа на 23 октомври.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ
• 11 октомври (среда), Ден на народното востание,
• 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба
• 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од католичка вероисповед
• 1 ноември (среда), Празникот на сите светци,
• 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ
• 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ
• 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.