Зоки со солзи на очите зборува за она што му се случи на онкологија: „Помагајте луѓе, Бог е голем“

Познатиот македонски новинар Зоки Фаци ги изненади своите пријатели и следбеници со последните неколку објави.
Имено, како што самиот соопшти на својот профил на Инстаграм, тој ги дава своите патики што ги има дома на аукција, а парите што ќе ги собере ќе ги донира за лечење на некое дете болно од рак.

Познатиот новинар потоа ја сними својата импозантна колекција во која што има стотина патики од најскапите модели.
Тој објасни дека до идејата дошол откако на Клиниката за онкологија во Скопје сретнал една мајка со мало дете болно од рак.

Како што самиот вели за себе, тој е манијак за патики, па во својот дом во плакарите има патики во вредност на Ферари.
„Која будала сум. Овие не можам да ги износам ни во 15 животи“, вели тој и додава дека шопинг-манијата стварно е болештина на 21 век.

„Некои од овие патики ги нема облечено ниту еднаш, некои два пати, некои три пати и толку“, додаде тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.