Кристофер Хил: Повлекувањето на војниците и апсењето на Радоичиќ се добри чекори

Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил изјави дека повлекувањето на војниците од границата и апсењето на Милан Радоичиќ се добар чекор и дека во интерес на Вашингтон е да се најде политичко решение за ситуацијата на Косово.

,,Нема сомнеж дека има повлекување на помал дел од војниците и дека во таа смисла работите се движат во добра насока. Можам да кажам и дека имаме потврда за намалениот број војници. Проблемот овде не е воен, туку политички“, вели Хил во интервју за Танјуг.

Милан Радоичиќ, поранешен потпретседател на Српската листа кој ја презеде одговорноста за настаните во село Бањска, беше уапсен и испрашуван во Белград.

Во неделата, на 24 септември, во селото Бањска беше убиен косовски полицаец, по што следеше акција на специјалните единици на косовската полиција насочена кон вооружена група која се обиде да најде засолниште во манастирот Бањска.

Во акцијата загинаа тројца Срби.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.