Шакира има ново момче! Сликани се заедно, а еве што имаше тој да каже за нивната врска!

Се претпоставува дека НБА суперѕвездата Џими Батлер се гледа со Шакира, по што често беше поврзуван со неа во медиумите, а конечно сега тој ги коментира романтичните гласини!

34-годишната кошаркарска ѕвезда и 46-годишната Шакира беа забележани заедно во јули 2023 година. Џими зборуваше за списанието Ролинг Стоун, каде што беше прашан дали гласините за забавувањето со Шакира се вистинити, на што тој одговори:

– Таа е неверојатно човечко суштество и е неверојатно талентирана, но никогаш не знаеш што прават луѓето, па луѓето само измислуваат работи. Ние сме пријатели, таа живее во Мајами, а нејзините синови се големи љубители на кошарката – тоа не значи дека се забавуваме. Само затоа што луѓето се дружат не значи дека некој се забавува. Но, тоа на сите им дава материјал и нешто за разговор, така што сите го сфаќаат тоа сериозно и продолжуваат со таа приказна. Таа е многу кул и тоа е сè што имам да кажам!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.