Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 25-годишниот скопјанец осомничен дека на 3 октомври, во Кисела Вода, сторил кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик спрема неговата сопруга.
- Граната од Првата светска војна пронајдена во рудник „Суводол“
- Можете да јадете леб и да ослабете: Нутриционистите го открија најдобриот избор
- Овој хороскопски знак веднаш препознава кога некој го лаже
- Регистрирана четврта жртва од западнонилска треска,: Пациентка која се лекуваше на Инфективната клиника во Скопјe 27 дена
- Минималецот во Србија достигна 600 евра
Обвинетиот дошол пред влез на зграда на улицата „Пушкинова“ и најпрво со висок тон започнал да ја навредува оштетената. Потоа и физички ја нападнал, ја влечел за косата, ја изгребал, ја гризнал и ја зграбил за вратот, нанесувајќи и телесни повреди. И го одзел телефонот, упатувајќи закани дека ќе ја убие и ќе избега со нивната заедничка ќерка. Жртвата успеала да се оттргне и да избега од местото, засолнувајќи се во влез од зграда.
Јавниот обвинител до Основиот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Пронајдете не на следниве мрежи:



