Поранешниот шеф на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Дејвид Петреус смета дека Израел ќе се соочи со огромни тешкотии за време на планираната копнена операција во Појасот Газа.

Тој изјави за Сандеј тајмс дека израелските команданти се соочуваат со „исклучително тешка задача“ да водат војна во урбана средина, имајќи предвид дека „Хамас имаше месеци да се подготви за тоа“.
- Папата проговори за прв пат по операцијата на рак на белите дробови: „Ве молам, молете се за мене“
- Британскиот премиер пред средбата со Зеленски: Украинскиот лидер нема да ја напушти Британија со празни раце
- Целосно се обновува главната водоводна мрежа во Кадино
- (Видео) Мицкоски: Разгледуваме можности за рестартирање на ОКТА
- Тревога во Австралија откако „скриена камера“ беше пронајдена во кабината на воен брод
- Зеленски признава дека се чувствува „предаден“ од Трамп поради договорот за нафта со Путин
- САД велат дека уништиле брод поврзан со Иран, кој ги таргетирал морнаричките бродови во Оманскиот Залив
- Иран со директна закана кон САД: Ги одбројуваме моментите до потопувањето на американските носачи на авиони
- Научниците открија врска помеѓу спиењето и 83 болести: Еден детаљ може да биде клучен
Во една од најгусто населените области во светот, со широк систем на тунели, Израелците ќе мора да го користат своето оружје „во најтешката средина што може да се замисли“.
- Дури и ако Израел успее во тежок напад врз Газа со многу високи цивилни жртви, неговите акции нужно мора да бидат вкотвени во повоената стратегија за запирање на прегрупирањето на непријателот. Во спротивно, ризикува да ги повтори грешките што ги направија САД и нивните сојузници во Ирак – рече Петреус.
– Најголемата лекција од она што се случи во Ирак е дека треба добро да размислите што ќе правите кога ќе ја преземете контролата врз одредена област – изјави поранешниот шеф на ЦИА.
Како што претходно објави „Њујорк тајмс“, израелската копнена операција во Појасот Газа требаше да започне овој викенд, но беше одложена „неколку дена“ поради облачното време што ќе ја отежне способноста на израелските пилоти и операторите на беспилотни летала да ги поддржат копнените сили.
Пронајдете не на следниве мрежи:



