Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.
На 14 октомври, осомничениот тешко телесно ја повредил и го нарушил здравјето на неговата бремена сопруга, доведувајќи го во опасност нејзиниот и животот на плодот.
- Пред 6 години продаваше облека на улица за да преживее, сакаше да го напушти фудбалот, сега играше на Светското првенство
- Трамп денес полни 80 години
- Триесет и едногодишен скопјанец физички нападнал двегодишно дете
- Како мајките можат да се подготват за царски рез
- ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се однесува како да е адвокат на Бугарија
- Мицкоски: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата
- Германската репрезентација го финансираше превозот на 600 навивачи на натпреварот од Светското првенство
- Путин прави неочекуван потег: Русија брзо ги пополнува воените редови поради голем проблем, дали е ова „тивка мобилизација“?
- Бројот на заболени од ебола во Конго се искачи на 689, а досега се починати 139 лица
Додека заедно со оштетената и нивното 2-годишно дете се движеле со автомобил, осомничениот најпрвин започнал вербална расправија, а потоа и физички ја нападнал сопругата која седела на совозачко седиште.
Оштетената излегла од автомобилот и се обидела да побара помош, но осомничениот тргнал по неа и продолжил да ја влече и удира. На тој начин и нанел тешки телесни повреди, загрозувајќи го и плодот. При дополнителен преглед било констатирано дека плодот починал.
Јавниот обвинител нареди судско-медицинско вештачење и доколку со наодот се потврди дека причина за смртта на плодот бил физичкиот напад, ќе се изврши соодветна квалификација на делото.
До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и оштетената и да го повтори делото.
Пронајдете не на следниве мрежи:



