Легендарната Џоан Колинс (90) раскажа како Холивуд многу се променил и како секој филм има порака, која и’ пречи. Во нејзините мемоари „Behind the Shoulder Pads“, таа откри како се борела со сексуално малтрерирање во повеќе наврати, а за тоа била предупредена од Мерлин Монро. Таа го издвои Дерил Зенука, кој во тоа време беше потпретседател за продукција на 20th Century Fox. Таа опиша како изгледал неговиот „напад“.
,,Издишувај го чадот од пурата кон мене” а потоа додаде: Никогаш немаше никого додека не ме најде, душо. Јас сум најдобар и можам да го правам тоа цела ноќ.”
,,Бев толку шокирана, па само трчав назад кон сетот“, изјави актерката.
- Хороскопски знаци кои не можат да се преправаат дека им се допаѓа некој
- Украина годинава ослободила 745 квадратни километри окупирана територија, тврди Зеленски
- Зошто механичарите велат дека не треба веднаш да го исклучувате моторот по долго патување
- Зошто некои мачки сакаат да спијат врз своите сопственици
- Бресквица ја продава вилата што ја изгради со поранешниот партнер: Бара 830.000 евра за луксузниот имот
- Трамп: Можеби сум најважниот претседател во историјата на САД
- Повеќе лица повикани на информативен разговор за водата во Скопје
- Хематолог открива симптоми кои укажуваат дека внесувате премногу железо
- Ова веднаш ќе ги изнервира – најголемата слабост на кој било хороскопски знак
Кога имала 26 години, забременила со тогашниот вереник Ворен Бити. Таа му кажала дека е бремена, а тој збунето ја прашал: „Како се случило тоа?“.
Таа абортирала иако тоа било нелегално. Не сакала да оди во некоја скриена клиника бидејќи се плашела дека нешто лошо ќе и’ се случи, па Бити ја придружувал кај поранешен хирург во Њу Џерси.

Утрото кога ја имала закажаната процедура сакала да се откаже, но вереникот и’ рекол дека не може.
„Душо, не можеме. Не можеме да го направиме тоа… Дете сега би ни ги уништило кариерите на двајцата. Знаеш дека би сакала да го родам, но…“, откри таа за Њујорк пост детали од разговорот со вереникот.
Таа додаде дека 1960-тите биле мрачно време за жените и девојчињата.
Со вториот сопруг, актерот Антони Њули, таа имаше две деца Тара и Саша, а со третиот сопруг Рон Кас ја има ќерката Кети.
,,Да имав дете во 20-тите години, немаше да имам кариера“, заклучила актерката која и на 91 година ја фалат за витката фигура.
Пронајдете не на следниве мрежи:


