Основачот и главен извршен директор на компанијата LVMH, Бернард Арно, го загуби второто место на листата на милијардери на Блумберг, откако беше претекнат од претседателот на Амазон Џеф Безос. Прв на листата и натаму е американскиот милијардер Илон Маск.
- Бен Афлек за поранешната сопруга Џенифер Гарнер: Таа и Кери Вашингтон се сродни души, би сакал да соработувам со неа
- Шкорпијата открива голема семејна тајна во октомври
- Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, од македонскиот идентитет не отстапуваме
- Слабиот изглед на Адријана Лима предизвика реакции по појавувањето во Париз: „Се претвори во дух“ (фото)
- Зошто е потешко да се разбудите на есен: Обрнете внимание на овие навики
- Кајли Келси ѝ се извинува на Кејт Мидлтон што неправилно ѝ се обрати: Не знаев дека е навредливо
- Пожар на Шар Планина
- Под притисок на големи долгови, Аргентина смисли план: Ќе им продава на богатите странци „златна виза“
- Земјите од групата Г7 ослободуваат 100 милиони барели дизел од резервите: Дали цените на пазарот ќе се намалат?
Во моментов Безос е на второто место со 156 милијарди долари, додека Бернард Арно е трет на листата на милијардери на Блумберг со богатство од 155 милијарди долари, пренесува Блумберг.
Вредноста на имотот на Бернард Арно падна за 6,8 милијарди долари од средата кога LVMH соопшти дека нејзината продажба годинава се зголемувала побавно од очекуваното.

Падот на извршниот директор на LVMH на листата на милијардери на Блумберг ја одразува продажбата на луксузни стоки која е послаба во 2023 година поради падот на побарувачката во САД и тешкото економско закрепнување во Кина.
Спротивно на тоа, богатството на Џеф Безос порасна за 49,3 милијарди долари оваа година, бидејќи вредноста на акциите на Amazon се зголеми за 58 отсто во истиот период.
На чело на листата и натаму е американскиот милијардер и претприемач Илон Маск со имот вреден 234 милијарди долари. Акциите на Тесла пораснаа за 106 отсто оваа година, а Маск стана побогат за 96,8 милијарди долари.
Пронајдете не на следниве мрежи:



