Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, утрово се сретна со помошникот генерален секретар на НАТО за политички работи и безбедносна политика, Хавиер Коломина, со кого разговараше за придонесот на Северна Македонија како посветен и активен сојузник во Алијансата кон колективната безбедност на НАТО и кон стабилноста на регионот.
- Барнам од Киев: Украина е првата линија на одбраната на Европа, поддршката продолжува и покрај заканите од Москва
- Хрватска го проширува системот за рано откривање на шумски пожари
- Општина Карпош: Подобрување на условите за престој во детските градинки
- „Не ни треба Канада!“: Трамп им објави економска војна на соседите и се закани со тотални блокади
- Биткоинот скокна за повеќе од 2 проценти: Вредноста достигна 67.780 евра, итриумот исто така расте
Како што информира Министерството за одбрана, на средбата во ресорното министерство Славјанка Петровска истакна дека Северна Македонија во целост ги спроведува прифатените обврски од НАТО пакетот на цели на способности, со особен акцент на модернизацијата на Армијата и унапредувањето на условите и развојот на човечките капацитети во Министерството и Армијата.
„Инвестирањето во македонската одбрана во 2024 година ќе достигне 2 отсто од бруто – домашниот производ, а од средствата наменети за одбрана една третина ќе бидат насочени кон модернизација, што е гаранција дека процесот на опремување на Армијата ќе продолжи да се реализира со несмалено темпо. Посветени сме на модернизацијата како одговорна членка на НАТО но подеднакво и заради националната безбедност“, истакна министерката Славјанка Петровска.
Хавиер Коломина и Славјанка Петровска
Таа го информираше Хавиер Коломина за помошта која досега во 10 наврати Северна Македонија ја донираше на Украина и нагласи дека во согласност со проценките на Генералштабот таа помош и понатаму ќе продолжи.
Во контекст на регионалната безбедност, министерката Славјанка Петровска истакна дека Северна Македонија го зголемува учеството во Мисијата КФОР на Косово. Таа потенцираше дека дијалогот меѓу Белград и Приштина треба да продолжи и дека и двете страни треба да ги реализираат преземените обврски.
„Интеграцијата на земјите од регионот во ЕУ е безбедносно прашање и најдобар одговор на обидите за влијанија од трети страни во регионот“, вели Славјанка Петровска.
Во соочувањето со проблемот на хибридни закани и лажни вести, Славјанка Петровска ја истакна 100-процентната активна транспарентност на Министерството за одбрана како најдобар начин за превенција и справување со овој предизвик.
Помошникот генерален секретар на НАТО Хавиер Коломина се заблагодари за активното учество на Северна Македонија во НАТО и видливиот придонес кон зацврстувањето на регионалната и колективната безбедност. Тој го поздрави придонесот на Северна Македонија во мултинационалните сили на НАТО во Бугарија и Романија, учеството во мисијата на НАТО на Косово, помошта за Украина во одбрана на нејзиниот територијален интегритет и стабилното инвестирање во развојот и модернизацијата на одбраната.
Пронајдете не на следниве мрежи:



