Во понеделникот во болница во Скопје починал Илир Ќалапеку, телохранителот на поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи.
Соопштено е дека тој починал од срцев удар, но членовите на неговото семејство се сомневаат дека неговата смрт можеби дошла од човечка рака, објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
- Барнам од Киев: Украина е првата линија на одбраната на Европа, поддршката продолжува и покрај заканите од Москва
- Хрватска го проширува системот за рано откривање на шумски пожари
- Општина Карпош: Подобрување на условите за престој во детските градинки
- „Не ни треба Канада!“: Трамп им објави економска војна на соседите и се закани со тотални блокади
- Биткоинот скокна за повеќе од 2 проценти: Вредноста достигна 67.780 евра, итриумот исто така расте
- Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот во Албанија оди бавно
- Одлуки за дата-центри зад затворени врати не смее да има, велат од ДОМ
- 6 намирници богати со мелатонин кои можат да го подобрат сонот
- Јарецот изгледа смирен, но крие неверојатно силен карактер
Членовите на неговото семејство го пријавиле случајот и во косовската полиција.
Телото на починатиот е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина, бидејќи, како што пренесуваат косовските медиуми, членовите на семејството на Ќалапеку побарале да се изврши обдукцијата.
Медиумите дознаваат дека неговиот брат Ганиу ги пријавил овие сомнежи во полиција.
Тој изјавил дека не се сомнева во болницата во Скопје, но сака да ги знае точните причини поради кои дошло до срцев удар.
Ганиу тврди дека неговиот брат претходно немал здравствени проблеми, па затоа се сомнева дека тоа би можело да биде од човечка рака“, изјавил за косовските медиуми извор близок до семејството.
Пронајдете не на следниве мрежи:



