Исклучително интересна сцена е снимена по триумфот на Новак Ѓоковиќ на стартот на Завршниот Мастерс во Торино.
Најдобриот светски тенисер го победи Дејн Холгер Рун со 2:1 во сетови 7:6(4), 6(1:7, 6:3, во првото коло од Зелената група на завршниот АТП турнир во Торино и со што ја обезбеди првата позиција на АТП листата на крајот од сезоната.
- Зеленски предложи зимско примирје со Русија за да можат да се одржат избори
- Кари ги предводеше Вориорс до победа против Хит, Феникс на крилата на Букер го победи Орландо
- Викендот носи студени утра и магла, од следната недела можност за дожд
- Мицкоски најави дека во декември ќе бидат објавени инвестиции во три фабрики
- (Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани повлекуваат пари од Поштенска штедилница, се најавуваат кривични пријави по шпекулациите за пропаст на банката
Иако беше видно исцрпен по исцрпувачкиот меч кој траеше повеќе од три часа, Новак по победата остана долго на теренот за да им оддаде почит на бројните навивачи кои му дадоа голема поддршка од трибините.
Се дружеше со обожавателите, делеше сувенири и трпеливо потпишуваше автограми.
Во еден момент добил многу необично барање.
– Можеш ли да ми потпишеш на градите? – го праша Ѓоковиќ еден воодушевен тип.
– Дали си сигурен? – праша со насмевка изненадениот Новак.
Во тој момент навивачот го подигна дресот и му покажа на Србинот каде да потпише, а дебитантот му ја исполни желбата.
Погледнете ја оваа интересна сцена:



