Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и дали ќе присуствува на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје, Османи посочи дека се уште нема потврда за доаѓањето на Лавров во Скопје.
- Денес точно во 19 часот, се менува судбината на 3 знаци: Месечината влегува во Стрелец
- Селма Хаек го откри својот трик за природен лифтинг на лицето: Без ботокс и филери, лицето изгледа позатегнато
- Знаете ли зошто Русија го прави сето ова во Украина?! Шефот на НАТО ја шокираше Европа со морничав факт: Подгответе се, ова ќе биде многу болно
- Температури до 38 степени, попладне дожд
- Од еден пасош до вистината на животот – ја открил тајната на својот татко која траела со децении! Кутијата под креветот уништила сè што некогаш знаел за него
Ние ги процесуираме барањата на сите членови на руската делегација за визи и за доаѓање во Македонија. Во моментот кога ќе имаме решение сигурно ќе информираме, посочи министерот Османи.
Во однос на учеството на Русија на Министерскиот состанок на ОБСЕ, Османи минатата недела на средба со новинарите рече дека добил писмо од рускиот министер Лавров во кое покажал интерес и барање да се обезбеди негово присуство во земјава, но оти, во однос на тоа постојат одредени предизвици, бидејќи македонскиот воздушен простор е затворен за државни руски авиони.
На Министерскиот состанок на ОБСЕ што ќе се одржи во Скопје од 29 ноември до 1 декември ќе учествуваат 76 делегации од земји-членки и партнери на ОБСЕ, а се очекуваат околу 1.000 гости.
Пронајдете не на следниве мрежи:



