Еден од највлијателните Руси доаѓа во Македонија!

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека нема никакви индиции дека шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен нема да дојде на Министерскиот совет на ОБСЕ што при крајот на месецов ќе се одржи во Скопје, а почната е и процедурата за доаѓање на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, чија земја подлежи на санкции од ЕУ по војната со Украина.

Објавена листа на најпребарувани прашања за секс на Google во 2024 година: Дали го знаете одговорот на првото?
Модерните термини поврзани со сексот понекогаш знаат да бидат збунувачки. Затоа многумина …
Бритни Спирс го прослави Божиќ со синот: Го чекаше овој момент со години, емоциите ја совладаа (фото)
Пејачката Бритни Спирс повторно се соедини со својот најмлад син Џејден за време на божиќните …

– Во санкциите се вели дека за меѓународни организации како што е ОБСЕ е дозволен прелет. Сепак, одлуката е на земјите членки. Затоа нашите соседи ќе треба да одлучат, а и ние за нашиот воздушен простор, рече вечерва Османи во емисијата „360“, прашан за доаѓањето на шефот на руската дипломатија Лавров.

Прашан дали е можно доколку дојде Лавров, да не присуствува украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, шефот на македонската дипломатија и актуелен претседавач со ОБСЕ се надева дека тоа нема да се случи.

– Затоа пред две – три недели отидов во Киев, да обезбедам присуство и на Кулеба. Се уште сме во разговори. Јас мислам дека како што во Виена имаме состанок секој вторник, така треба да биде и во Скопје, рече Османи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.