Физичката неактивност, лошите навики како што се мрсната храна, алкохолот и цигарите, многу му штетат на срцето. Затоа, се чини дека не е секогаш лесно да се грижиш за него. Сепак, како и во повеќето случаи кога станува збор за здравјето, некои мали навики можат значително да ја подобрат ситуацијата и да го намалат ризикот од срцев удар.
- Продолжува чистката во Москва, ,,падна” и Спартак! На Генералот му ставија лисици, премногу зборуваше? Го нападна Шојгу, еве зошто е уапсен (фото/видео)
- Врховниот судија Наќе Георгиев оди во – притвор!
- Убил девојче а потоа нејзиното тело сексуално го злостсвувал и го снимал: Ужасно злосторство ја тресе Германија (фото)
- Договорот од Преспа предвидува дека името на државата е неотповикливо
- Бајден: „Она што се случува во Газа не е геноцид“
„Едно јајце му дава сила на телото“, е позната поговорка, но се испостави дека е подобро да се изеде грст јаткасти плодови за појадок. Замената на јајцето со 25 до 28 грама јаткасти плодови може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести за 17 отсто, вклучувајќи го и ризикот од срцев удар, заклучија истражувачите.
Научниот преглед, објавен во списанието BMC Medicine, покажа дека нема корист од замена на рибите и морските плодови со опции од растително потекло и дека нема докази дека замената на млечните производи може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести. Замената на јајцата со јаткасти плодови или цели зрна, сепак, резултираше со помал ризик од развој на дијабетес тип 2.
Луѓето кои замениле 50 грама преработено месо со иста количина мешунки, како што е леќата, имале 23 отсто помал ризик од развој или смрт од кардиоваскуларни болести. Ризикот им бил за 27 отсто помал доколку јаделе од 28 до 50 грама јаткасти плодови наместо преработено месо.
Дополнително, заменувањето на преработеното месо, јајцата, сирењето, путерот или јогуртот со авокадо е поврзано со помал ризик од кардиоваскуларни болести. Сепак, авторите предупредуваат дека податоците се базираат на резултатите од само една студија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.