При посетата на најголемиот затвор во земјава, „Идризово“, „Фокус“ ја посети и ќелијата каде поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ја издржуваше затворската казна, во женскиот дел од затворот.
- Трамп ѝ рече на Канада да се придржува до правилата: Карни возврати со оган
- Муцунски-Саар: Силните политички односи да ги преточиме во поконкретна соработка во економијата, одбраната, сајбер-безбедноста, здравството, земјоделството и туризмот
- Врховниот суд на САД привремено гo одобри планот на Трамп за ограничување на гласањето по пошта
- Претпладне сончево и топло, попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
- Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за соработка во образованието, науката, културата, младите и спортот, како и економските консултации
Најпознатата затвореничка од овој дел, неодамна го напушти затворот. Во нејзината соба е сместена друга затвореничка.
Собата каде што била сместена, на прв поглед изгледаше пристојно. Со нови прозорци, релативно нов под и удобно наместена.
Спроти нејзината соба е собата на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева. Излезе на кратко од собата со насмевка на лицето. Внатре беше со цимерката и кратко само нѐ поздрави.
На 1 ноември, Јанкулоска по три години, излезе од затвор откако Апелацискиот суд во Скопје ја уважи нејзината молба за условен отпуст од натамошно издржување на затворската казна за случајот „Тенк“.
При донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид повеќе фактори – дека е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, како и нејзиното однесување во затворот.
Поранешната министерка ја издржуваше четиригодишната затворска казна од септември 2020 година откако беше правосилно осудена во случајот „Тенк“ за набавката на владиниот луксузен „мерцедес“.
Во женскиот дел можеше да се почувствува дека собите ги уредува женска рака. Таму е сместена и една жена осудена на доживотна казна затвор, жената од Дебар, која ги уби таткото, мајката и нејзината сестра.
Пронајдете не на следниве мрежи:



