Адел наводно го потврдила бракот со спортскиот агент Рич Пол. Се шпекулираше дека парот тајно се забавувал минатата година, а Адел ги подгреа овие гласини кога неодамна го нарече Рич нејзиниот „сопруг“ . Имено, пејачката откри дека се омажила за време на хумористичкото шоу на нејзиниот најдобар пријател Алан Кар во Лос Анџелес.
- Осум дена притвор за три лица поради уништување на државното знаме
- Хороскопски знаци кои често имаат поблиски односи со пријателите отколку со семејството
- Во сообраќајна несреќа загина поранешниот пратеник и директор на „Идризово“, Живко Пејковски
- Била една од најубавите жени во Југославија, а потоа оставила сè и отишла во Манастир: Живее како пустиник, спие на слама, без греење и оди боса (фото)
- Калајџиев: Диктатура на патриотите – нам ни’ нема спас…
Двајца анонимни извори кои биле присутни на местото на настанот ја потврдиле веста на познатиот инстаграм профил „Deuxmoi“.
„Вечерва бев на шоуто на Алан Кар во Лос Анџелес и Адел беше во публиката. Тој ја праша публиката дали некој се оженил или се омажил неодамна, а таа извика „Јас““, рекол изворот.
„На прашањето дали некој се омажил неодамна, таа извика „Јас се омажив“. Беше супер симпатична, но наеднаш исчезна од шоуто пред крајот“, изјавил друг извор.
Двојката е заедно нешто повеќе од две години
Инаку, Рич се осврна на брачните гласини за време на гостувањето на „CBS Mornings“ минатиот месец. Новинарот го прашал дали на Адел треба да и’ се обраќа со госпоѓа Пол, на што тој срамежливо одговорил: „Можеш да ја нарекуваш како сакаш“, а потоа додал дека тој не е тип на човек да го сподели својот личен живот со медиумите.
,,Јас сум на добро место, ние сме на добро место. Среќни сме. Таа е одлична. Таа беше одлична со мене”, изјави тој во емисијата.
Да потсетиме, Рич и Адел за првпат се претставија во јавноста како пар во јули 2021 година на натпревар во НБА, а поп-дивата постојано истакнуваше дека тој е првиот маж во нејзиниот живот со кој е среќна .
,,Тој е духовит. И многу паметен. Тој е многу, многу паметен, знаете. Прилично е неверојатно да се гледа како го прави тоа што го прави”, рекла таа еднаш.
Прославената 35-годишна девојка од бракот со Сајмон Конецки веќе го има 10-годишниот син Анџело, но неодамна изјави дека би сакала повторно да забремени.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.