Владата ја тргнала забраната за прелет и слетување на руски државни воздухоплови над и во земјава. Оваа одлука била донесена на денешната седница кој се одржала онлајн, во претпладневните часови, пишува „360 степени“.
- Возач на камион од Македонија загина во тешка сообраќајна несреќа во Хрватска
- Рекорден „Генералка викенд“ — десетици илјади волонтери ќе чистат на 500 локации во државата
- Возач на камион од Македонија удрил во ограда на автопат и изгорел во кабината
- Алехандра Силва емотивно му ја честита осмата годишнина од бракот на Ричард Гир: Нашата љубовна приказна продолжува
- Што се случува со вашето тело кога земате ашваганда
По ваквата одлука нема формална пречка за авион, во сопственост на руската држава, да слета на некој од аеродромите во Македонија. Измената на одлуката за рестриктивните мерки за Руската Федерација воведени по агресијата на Украина, доаѓа во пресрет на Министерскиот совет на ОБСЕ, кој треба да се одржи од 29 ноември до 1 декември во Скопје.
Со По оваа одлука отворена е можноста за евентуално доаѓање на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје. Потврда за ваква одлука од Москва засега нема.
Пронајдете не на следниве мрежи:



