Откако го покажа двоглавиот орел, Селма повторно влезе и го отпеа овој хит, јавноста уште повеќе збесна

На интернет се појави видео од Селма Бајрами како ја пее албанската песна „Вале Косоваре“ и прикажува двоглав орел.

Ова многумина го осудија, а откако пејачката проговори, „повлече“ уште еден потег.

Што се случувало по експлозијата? Офталмолог во болницата во Бејрут ја кажа вистината – „Во мојата 25-годишна кариера не извадив повеќе очи“
Иранскиот амбасадор во Либан, Мојтаба Амани, го загубил едното око, а другото е тешко повредено кога неговиот пејџер што го носел во вторникот експлодирал, пишува „Њујорк тајмс“, а пренесува …
ВОЈАЖ КУПИ ПЕНТХАУС: Младиот пејач не крие дека добро заработува
Сите заработени пари раперот ги вложува во недвижен имот.Раперот Војаж вели дека навреме инвестирал во недвижнини, а најмногу се гордее со тоа што купил голем пентхаус во кој …

Селма го испеа хитот на Лепа Брена, „Југословенка“, а на крајот испрати бакнеж.

Да потсетиме, се огласи Селма и рече дека не се плаши бидејќи никого не навредила.

– Немам причина да се плашам, бидејќи верувам дека никому не сум му се заканила. Ги сакам сите добри луѓе на овој свет и сите народи – истакна таа за Телеграф.

Со оглед на тоа што многу колеги на Селма проговорија за споменатото видео, пејачката откри дека никој лично не и’ се обратил.

-Никој не направи ништо, но драги мои, ме поддржаа оние кои ме познаваат, кои се и од Србија. Луѓето што ме познаваат, знаат која ми била намерата. Очигледно е дека некому сум му пречела, па планирале линч против мене. Времето е дете на вистината, кое сè открива. Не се срамам од своето потекло и ги сакам сите луѓе – изјави пејачката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.