СИТЕ КАЈ АНЃУШЕВ | СДС И ДПМНЕ ПРЕМОСТУВААТ ГОЛЕМИ РАСТОЈАНИЈА

Кочо Анѓушев ги собра ДПМНЕ и СДСМ на исто место, по повод прославата од 20-годишното постоење на Феро Инвест и Брако.

Со 800 гости и прием на кој присуствуваа видни личности од сите сфери на општеството, групацијата Феро Инвест и фабриката Брако го одбележаа своето 20 годишно постоење и успешно работење на македонскиот и на меѓународните пазари.

Да не беше Америка, Украина немаше да постои, вели новиот прв човек на НАТО, Марк Руте
Украина не би постоела како земја без поддршката на САД, изјави новиот генерален секретар на НАТО и поранешен долгогодишен холандски премиер, Марк Руте. На прес-конференцијата во Брисел тој потсети дека САД потрошиле …
ИРАН ПРВ ПАТ ГО КОРИСТИ „ОСВЕТНИКОТ“: Ова е суперсонична ракета која удри во израелските градови – ПОЖАРОТ ја крена Белата куќа на нозе
Нов тип хиперсонична ракета за прв пат е употребена во вечерашниот напад врз Израел, соопшти иранската Револуционерна гарда. Во соопштението, корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), исто така, утврди дека 90 отсто …

На корпорацискиот прием организиран во скопскиот хотел „Александар Палас“ беа присутни првите луѓе на најголемите македонски компании, министри, високи претставници на политички партии, поранешни функционери, поглаварот на Македонската православна црква, амбасадори, членови на дипломатските мисии во земјата, странски партнери од 20 држави, новинари, професори и соработници.

Претходно објавивме ексклузивни информации за политичко-економското подземје, кое лидерот на ДУИ, Али Ахмети го споменуваше во неколку наврати, а се однесува на „дружина” која планира политички и економски да ја парализира државата со цел да го донесат „нивното дете” Мицкоски на власт.

Во продолжение ПРОЧИТАЈТЕ И: КОЧО АНЃУШЕВ СОБИРАЛ

ИЗВОР: ИНФОМАКС

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.