Укинати забраните за движење на камиони на патните правци Гостивар-Стража-Кичево и Крива Паланка – ГП Деве Баир

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива тековно и непречено во зимски услови по влажни коловози.

Таткото на новогодишната ноќ го убил синот по физички конфликт
Според неофицијални информации до кои дојде ТВ21, по претходен физички конфликт, таткото со ловечка пушка го убил својот син. Трагедијата се случила на 31-ви декември, а случајот предизвика шок и тага …
Американски воен аналитичар: Во случај на војна со Русија, НАТО ќе биде демилитаризиран една деценија
НАТО ќе биде демилитаризиран една деценија во случај на конфликт со Русија и Кина, смета американскиот воен експерт Вил Шрајвер. „Во конвенционален конфликт против Кина и Русија, НАТО ќе ја исцрпи …

-Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта информираат дека во 06:30 часот е укината забраната за тешки товарни возила за патниот правец Гостивар-Стража-Кичево, а во 08:00 часот и забраната за тешки товарни возила за патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир, соопшти утрово директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта велат дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, Воедно апелираат до возачите на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.