Застаре уште едно дело на Миле Јанакиевски од случајот ТАЛИР

Обвинителката Ленче Ристоска, на денешното рочиште за случајот за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, „Талир“, во Основен кривичен суд Скопје, изврши измена на обвинението поради измените во Кривичниот законик, со која што застарува делото „злоупотреба на службена положба и овластување“ на Миле Јанакиески.

Да не беше Америка, Украина немаше да постои, вели новиот прв човек на НАТО, Марк Руте
Украина не би постоела како земја без поддршката на САД, изјави новиот генерален секретар на НАТО и поранешен долгогодишен холандски премиер, Марк Руте. На прес-конференцијата во Брисел …
ИРАН ПРВ ПАТ ГО КОРИСТИ „ОСВЕТНИКОТ“: Ова е суперсонична ракета која удри во израелските градови – ПОЖАРОТ ја крена Белата куќа на нозе
Нов тип хиперсонична ракета за прв пат е употребена во вечерашниот напад врз Израел, соопшти иранската Револуционерна гарда. Во соопштението, корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), исто …

Како што информираше судијата Осман Шабани, судот ќе се произнесе за застареност за кривичното дело за обвинетиот Миле Јанакиески на следното рочиште закажано за 11 декември, а потоа ќе продолжи со главната расправа согласно одредбите на Законот за кривичната постапка.

Во овој случај Јанакиески се товари и за „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Обвинението за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ го товари и поранешниот партиски лидер и премиер Никола Груевски, кој е во бегство, за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. За истите две кривични дела е осомничен и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

  • Согласно измените на Кривичниот законик, за Никола Груевски и Кирил Божиновски за точка 1 од обвинението, постапката предлагаме да продолжи да се води за кривичното дело по член 353 став 5 во врска со став 4 во врска со став 1 од КЗ, рече обвинителката.

Во истиот процес Илија Димовски и Леко Ристоски се обвинети за „перење пари и други приноси“, а за ова дело беше обвинета и Елизабета Чингаровска, која призна вина.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ, како правно лице, исто така е обвинета за „перење пари и други приноси“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.