Левица: МОН се обидува насилно да формира паралелка на наставен албански јазик во Чашка

Министерот за образование и наука се обидува насилно да формира паралелка на наставен албански јазик во Чашка, реагираат од политичката партија Левица.

– Сè поочигледно е дека министерот Јетон Шаќири го инструментализира МОН ставајќи го функција на исполнување агенда која ни малку не е поврзана со образованието и подобрувањето на системот за образование во Македонија.

Да не беше Америка, Украина немаше да постои, вели новиот прв човек на НАТО, Марк Руте
Украина не би постоела како земја без поддршката на САД, изјави новиот генерален секретар на НАТО и поранешен долгогодишен холандски премиер, Марк Руте. На прес-конференцијата во Брисел тој потсети дека …
ИРАН ПРВ ПАТ ГО КОРИСТИ „ОСВЕТНИКОТ“: Ова е суперсонична ракета која удри во израелските градови – ПОЖАРОТ ја крена Белата куќа на нозе
Нов тип хиперсонична ракета за прв пат е употребена во вечерашниот напад врз Израел, соопшти иранската Револуционерна гарда. Во соопштението, корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), исто така, утврди дека …

По шверцувањето ученици со несоодветен број бодови во економското училиште „Јовче Тесличков“ – Велес, сега своите самоволија ги спроведува на територија на општина Чашка, во училиштето ООУ „Тодор Јанев“ во населба Чашка. Најпрво, ги има одземено надлежностите од градоначалникот, за потоа да постави своја директорка. Училиштето работи без највисокиот орган за управување, Училишниот одбор, а директорката на своја рака кон средината од ноември формирала паралелка првооделенци на албански наставен јазик составена од шест ученици.

Освен што ваквото постапување е во спротивност со Статутот на училиштето истото се коси и со реонизацијата на ученици бидејќи паралелката е формирана со ученици за кои ниту не е извршен упис во училиштето, односно не се запишани во главната книга на училиштето, а чии родители немаат место на живеење во Чашка.

На територија на општина Чашка веќе постои училиште во кое наставата во целост се одвива на албански јазик („Лирија“ во с. Горно Јаболчиште). Шесте првачиња во н.Чашка кои не се жители на н. Чашка се сместени во просторија која се наоѓа надвор од училишната зграда, во интернатот кој претходно е затворен.

Министерот Јетон Шаќири не успева да продуцира учебници, но затоа продуцира хаос креирајќи проблеми и провоцирајќи меѓуетнички несогласувања и нетрпеливост!

Левица во целост ги поддржува протестите на родителите во Чашка и најостро го осудува самоволието што Шаќири го промовира! – истакнаа од партијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.