Полска нема да учествува на Советот на ОБСЕ во Скопје: Ова е причината

Полска денеска соопшти дека нема да присуствува на состанокот на ОБСЕ во Скопје поради тоа што е поканет рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Полскиот министер за надворешни работи Шимон Шинковски вел Сек изјавил дека нема да учествува на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) кој почнува утре, ниту пак ќе испрати некој од своите заменици во Скопје, јавија некое светски агенции.

Висока загаденост на воздухот во Македонија: Во Кичево девет пати над дозволеното
Загаденоста на воздухот вечерва во Македонија е на високо ниво, покажуваат податоците од платформата на Министерството за животна средина air.moepp.gov.mk Дозволени според закон во Македонија се 50 микрограми на метар …
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави денеска агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се на …

– Едноставно не можеме да го игнорираме фактот дека рускиот министер за надворешни работи ќе биде присутен на масата на организацијата која треба да гради мир и безбедност во Европа, рекол полскиот министер.

Нарекувајќи го присуството на Лавров „неприфатливо“, Шинковски вел Сек додаде дека Полска го дели ставот на балтичките земји кои претходно најавија дека ќе го прескокнат состанокот на ОБСЕ.

– Местото на Лавров е во специјалниот трибунал, а не на масата на ОБСЕ, изјави вчера естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цахкна, објаснувајќи го заедничкиот потег на неговата земја и балтичките колеги Литванија и Летонија.

И Украина ќе ја бојкотира годишната министерска конференција поради присуството на Лавров.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.