ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ ЈА УБИ МАЛАТА ВАЊА ЃОРЧЕВСКА – По Палчо е распишана меѓународна потерница

За Љупчо Палевски – Палчо, кој е осомничен за грозоморното убиство на малата Вања Ѓорчевска од Скопје, ќе биде распишана меѓународна потерница, потврдија денес на прес-конферецијата министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и главниот јавен обвинител Гаврил Бубевски.

Со сечење на џиновската пастрмајлија почна штипската „Пастрмалијада“
Со сечење на џиновската пастрамајлија и официјално се отвори манифестацијата штипска „Пастрмалијада“, а воедно се пушти во употреба и прво шеталиште во Штип, на улицата „Ванчо Прќе“. По тој повод …
Мицотакис на ФБ: Грција станува сѐ посилна
По одлуката да набават уште една четврта по ред фрегата Белара, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Фејсбук напиша:„Грција станува сѐ посилна“.Министерот за одбрана – Никос Дендиас соопшти дека Грција ја …

Како што соопштија на прес-конференцијата, на неколку лица им е одреден притвор од 48 часа.

„Одреден е притвор од 48 часа заради обработка на доказите и обдукцијата на телото, по што МВР ќе излезе со соодветна пријава и јавното обвинителство ќе го отвори случајот, по што ќе да може да каже повеќе детали. Сега е во тек прелиминарна истрага. За лицето кое не е во државата каде што се спорни информациите ќе биде распишана меѓународна потерница“, посочи Гаврил Бубевски.

Да потсетиме, претходно министерот Оливер Спасовски, изјави дека таткото на убиената Вања Ѓорчевска (14 г.) е осомничен дека го организирал нејзиното киднапирање.

Љупчо Палевски
Љупчо Палевски – Палчо
„Министерството за внатрешни работи во координација и под раководство на Јавното обвинителство синоќа го расветли случајот, обезбедени се доказите. Не го постигнавме исходот што сите го посакувавме, но беа убиени две лица, малолетно лице и велешанец, кои беа пронајдени едниот во околината на Скопје, другиот во околината на Велес“, откеи на прес-конференција Оливер Спасовски.

Љупчо Палески – Палчо е главниот организатор на двете киднапирања, а според првите информации на МВР, тој бил и убиецот на Вања Ѓорѓевска. Ова го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој бегалецот го оквалификува како монструм.

Според него, Палчо од Македонија заминал во Белград, па во Бугарија, а сите аспекти се уште се утврдуваат. Тој ја напуштил земјата на 30. ноември.

„Главниот организатор и извршител кој според досега утврдените докази на 27. ноември околу 10 часот уби малолетничка со пиштол исплашен од доказите што може да ги најде полицијата ја напуштил државата. Ја следиме неговата трага“, откри Оливер Спасовски.

Гаврил Бубевски посочи дека по отворањето на истрагата по Палчо ќе биде распишана меѓународна потерница.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.