Горан Ќосето од затвор: ,,Ахх бе Палчо, камо да те донесат кај мене”

Јане Ченто кој испрати заканувачка порака до убијците на Вања Ѓорчевска (14) познава еден од осомничените кој моментално е во бегство.

За киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, тројцата осомничени сторители веќе се во истражен затвор во Шутка, каде најпрвин ќе им биде одреден притвор од 48 часа, а потоа ќе им се определи нова мерка притвор.

Тренчевска: Владата потфрли, после 7 години има намалување на просечната плата за 1.000 денари
Економските политики на Христијан Мицкоски и владата на ВМРО-ДПМНЕ потфрлија. За прв пат, после седум години постојан раст, сведоци сме на пад на просечната плата кај нас – намалена …
Најточниот неделен хороскоп од 23 до 30 септември! Вагите имаат турбуленции на работа, Рибите тест, а еве кој ќе има судбоносна средба
Влегуваме во сезоната на Вага, а Марс е во Рак, па затоа е многу тешко да се балансираме меѓу сопствените соништа и обврските што ни се наметнуваат. Се наоѓаме …

Пред да пристигнат убијците во затворот, добиле порака од затвореникот Горан Андонов – Ќосето.

,,Само да ве донесат, ќе ја имате најдобрата пресуда!“, им порача Горан Андонов Ќосето.

Но, за шокот да биде уште поголем, Андонов на својот Фејсбук профил има фотографии со Љупчо Палески-Палчо, кој е главниот осомничен за убиството на Вања.

Тој е во бегство, а познато е дека прво заминал во Белград, а потоа во Бугарија.

Кој друг е осомничен за грозоморното злосторство?

Велибор Манев е еден од тројцата уапсени за убиството на Вања Ѓорѓевска (14). Тој е првоосомничен кој е изведен пред суд, а на прашањето: „Дали ја убил Вања“, тој негирал. Тој молчеше кога го прашаа за неговата вина и признание. Ова е единствениот осомничен кој бил внесен во зградата од паркингот на судската палата.

Манев бил пријател со Љупчо Палески-Палчо, кој исто така е еден од осомничените. Тој, давал информации за планирањето и извршувањето на киднапирањата, а подоцна и за убиствата на Вања и Панче Жежовски. Осомничени се и Боре Видевски и Влатко Кекишев, како и таткото на девојчето.

Пронајдете не на следниве мрежи: